| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.09.2017

Јаневски: Му подаривме два бода на противникот

Тренерот на Вардар по натпреварот со Скопје ги искажа своите импресии

Чедомир Јаневски не може да биде задоволен од резултатот на својот Вардар на гостувањето во Скопје. После натпреварот ги искажа своите импресии од мечот.
„Ние самите ги испуштивме двата бода, практично му ги „подаривме“ бодовите на нашиот противник. Се стекнавме со водството од 1:0, а потоа примивме гол. Можеби имаше и прекршок за тој израмнувачки гол, не знам. Но, можам да кажам дека тој гол никако не смеевме да го примиме на таков начин. Потоа настана нервоза, и во вториот дел ја имавме иницијативата, но последното додавање не стигнуваше, или нашите играчи не беа на вистинските позиции во завршницата. И со 10 играчи подоцна бевме подобар противник, но повторно ќе кажам недостатуваше тоа последно додавање, или, пак, тие неколку удари кои ги имавме не завршија на вистинското место. Испуштивме два бода, но мора да одиме понатаму. После овие три натпревари кои ги игравме во Македонија, јасно е дека нè очекуваат  тешки услови за игра, и играчите мора да бидат психолошки подготвени“, изјави Јаневски после мечот со Скопје.



Датум: 17.09.2017, 19:30
Статијата е прочитана 687 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense