| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.10.2017

На Вардар му се стемни на Могила


Со голот на Илиески во 77.минута Победа со 1:0 го шокираше шампионот. Работнички во дербито го победи Пелистер а Шкендија со нова голеада, овојпат на Шкупи му испорача „четворка“


Могила за Вардар беше кобна, на шампионот му се стемни во Прилеп. Победа со 1:0 го совлада составот на Чеде Јаневски, стрелец на решавачкиот гол беше Дарко Илиески во 77.минута. Тој е херојот на прилепчани. Каков кикс за Вардар во битката за титулата. Со овој резултат секако дека најсреќни се во Шкендија која лесно, уверливо  со 4:1 го победи Шкупи и сега на Вардар му бега цели девет бода. Хасани во два наврати го совлада Зендели, еднаш Ибраими а Кривањева со даде автогол. Почесниот гол за чаирани беше дело на Јашаровски.
Конечно победа на Работнички под водство на тренерот Горан Станковски. „Романтичарите“ во дербито со 2:0, со головите на Херера и Дурански славеа над Пелистер. Се буди ли конечно тимот од Градски парк. Во Кратово Силекс и Ренова играа без голови додека на Автокоманда домашните „пирати“ и „пандевци“ ремизираа 1:1. Струмичани со голот на Грифони долго водеа но во 84.минута Мишевски со ефектен шут од слободен удар му донесе бод на Скопје. Веќе во среда се играат мечевите од 12.коло.

РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛО
ПОБЕДА – ВАРДАР 1:0
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 2:0
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 4:1
СИЛЕКС – РЕНОВА 0:0
СКОПЈЕ – А.ПАНДЕВ 1:1
ТАБЕЛА
1.Шкендија 28 бодови, 2.Вардар (-2) 19, 3.А.Пандев (-1) 18, 4.Силекс 15, 5.Пелистер 12, 6.Победа 12, 7.Шкупи 12, 8.Ренова 11, 9.Работнички (-1) 10, 10.Скопје 6 бодови


 



Датум: 22.10.2017, 16:46
Статијата е прочитана 1405 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense