| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.09.2017

Агенцијата за Млади и спорт ја спасува Арената

*На иницијатива на АМС, утре во 11 часот ќе одржи состанок на кој ќе решава за евентуално намалување на цените на услугите на „Филип Втори“


Раководството на Арената, потоа Агенцијата за Млади и спорт, Фудбалската Федерација на Македонија и Вардар и Работнички, утре во 11 часот, на иницијатива на АМС, ќе одржат заеднички состанок на кој ќе се разговара за евентуално намалување на цените за услугите за користење на Арената „Филип Втори“. Да се надеваме дека оваа иницијатива ќе успее, ќе се најде заеднички јазик меѓу сите засегнати страни и дека Вардар и Работнички ќе се вратат на Арената. „Романтичарите“ веќе го направија првиот потег, тие неделниот меч со Академија Пандев го закажаа на Арената.

 



Датум: 20.09.2017, 11:27
Статијата е прочитана 1883 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense