| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.11.2017

Вардар ќе игра на +20 и пред 45.000 гледачи!

*Најавите од Санкт Петербург велат дека поларните временски условинема да се осетат на најубавиот стадион во Европа кој е затворен и со греење. Се очекува и добра посета на „Крестовски“

 

Од Санкт Петербург, Горан Бошев

Попладен во Вардар му гостува на Зенит во својата последна мисија на гости во групната фаза од Лигата на Европа. Македонскиот првак ќе игра на најубавиот и најскапиот стадион на „стариот континент“ кој летово беше пуштен во употреба а беше изграден за 250.000 милиони евра.
Од Русија најавувата дека студот кој е во „класката престолница“ на Русија нема да се осети на стадионот. Надворешната  температура ќе биде -10 степени целзиусови а во стадионот (ќе биде затворен), истата же биде околу 20 степени над нулата. Тоа се одлични услови за игра.
Вардар ќе настапи во бели дресови додека Зенот во светлосини. Продадени се околу 30.000 влезници а се најавува и бројка од 45.000 на стадионот „Крсетовски“ кој е со капацитет од 61.000 гледачи.
Натпреварот Зенит - Вардар почнува од 19 часот по македонско време а ќе го суди Барт Вертентен од Белгија.



Датум: 23.11.2017, 12:01
Статијата е прочитана 3311 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense