| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.08.2017

Османи и Цуцули: Во Милан добивме атракција

Тренерот и заменик капитенот на Шкендија, Ќатип Османи и Ардијан Цуцули со реакција по денешната ждрепка во Нион

Шкендија го доби Милан на денешната ждрепка во Нион за ривал во плејофот во Лигата на Европа.
„Сите ние знаеме кој Милан, зарем треба да се трошат зборови за овој клуб, еден од најголемите во светот. Добивме и повеќе од атрактивен тим против кого еве сега ние можеме фудбалски да уживаме. Но Шкендија и на овој натпревар, како и на претходните, ќе се обиде да одигра најдобро што може“ истакна тренерот Османи.
Цуцули пак потенцираше...
„Од фудбалски аспект го добивме најсилниот можен тим во оваа фаза од Лигата на Европа. Сите ние во тимот очекуваме да го дадеме својот максимум и да одиграме најдобро што можеме. Од оној друг навивачки аспект секако дека двомечот со Милан е награда за сите нас во клубот. Не секој ден се игра против Милан. Ова е награда за сите наши успеси во Европа во последните две години, а ова е награда и за сите фанови на фудбалот во Македонија но и останатите земји од Балканот“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Датум: 04.08.2017, 18:50
Статијата е прочитана 1168 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense