| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.11.2017


Јаневски: Одигравме далеку подобро отколку во Скопје


Ако ги споредиме двата меча против истиот противник секако дека сум презадоволен од она што вечерва го одигравме - изјави по мечот со Зенит, тренерот на Вардар,Чедомир Јаневски.

Вардар не се посрамоти во Русија вечерва, напротив го одигра најдобриот меч во овогодинешната групна фаза од Лигата на Европа. Загуби со 2:1, но за разлика од претходнтие мечеви имаше далеку подобра игра. Тоа секако дека го истакна и тренерот на нашиот шампион, Чедомир Јаневски, на официјалната прес конференција по натпреварот.
„Секако дека ако се погледнат двата меча, оној против Зенит, во Скопје и овој вечерва нормално дека сум презадоволен од она што го одигравме.Иако губевме со 2:0, сепак во второто полувреме можам да кажам дека бевме дури и подобри, не само поради голот туку и поради создадените шанси и ударите кон противничкиот гол“ - истакна Јаневски. 

 

 

 



Датум: 23.11.2017, 21:19
Статијата е прочитана 502 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense