| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.12.2017

Елмас, сепак, оди на „двојна“ во Генчлербирлиги

Фенербахче размислува во јануари да го позајми својот талент на друг тим

Фенербахче има сериозни намери со Елиф Елмас, но за да добие поголема минутажа и да се стекне со искуство во турскиот фудбал, веројатно ќе мора да оди на позајмица во друг клуб. Се погласни се најавите дека македонскиот „бисер“ во јануарскиот преоден рок ќе се пресели во редовите на Генчлербирлиги и тоа како позајмен од истанбулскиот гигант.

Тоа ќе биде добра можност за Елмас да се стекне со потребното искуство, за да може во иднина да биде дел од Фенербахче, и главен носител на играта на тимот од Истанбул. Елмас во моментов нема право да игра за сениорите, но од јануари ќе може да настапува во сениорска конкуренција.




Датум: 14.12.2017, 11:00
Статијата е прочитана 1829 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense