| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2018


Кировски го одби Каисар

 


*Ништо од најавениот трансфер на искусниот напаѓач во прволигашот од Казахстан

Христијан Кировски сепак нема да потпише со Каисар од Казахстан. Иако искусниот напаѓач беше речиси цела недела во овој клуб во Анталија, иако одработи и неколку тренинзи, сепак не успеа да најде заеднички јазик и не потпиша договор. Како што велат нашите информации на Кировски не му одговарала понудата од финансиски аспект од Каисар и затоа го одбил не ставил параф на договорот. Сега останува да преговара со останатите два клуба кои беа заинтересирани за неговите услуги. Добра работа за него е тоа што тој има слободни документи и нема потреба од никаква отштета.



Датум: 25.01.2018, 17:38
Статијата е прочитана 723 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense