| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.02.2017

Брдариќ: Среќен сум по деби победата

Победничко деби за Томас Брдариќ, додека Тасевски го доживеа првиот пораз во првенството како тренер на Силекс

Томас Брдариќ по убаво ќе го памети неговото деби на еден официјален меч како стратег на Шкендија. Неговиот тим го победи Силекс со 2:0.
„Секако дека сум среќен по оваа победа. Првите мечеви се многу тешки за играње. Јас сум задоволен од тоа како сите момци одиграа, игравме и со двајца млади што исто така е тешко но и Тотре и Зејнулаи како и сите наши играчи на најдобар можен начин си ја завршија својата работа“ истакна Брдариќ по мечот во Тетово.

Жикица Тасевски, тренерот на Силекс за прв пат ја почуствува горчината на поразот во првенствен натпревар.
„Честитки за Шкендија на оваа победа. Одлучи индивидуалниот квалитет на тетовци. Ние можевме да се вратиме во игра кога на 1:0 за домашните ја погодивме пречката. По тој втор гол на Шкендија веќе се беше решено“ изјави Тасевски.



Датум: 19.02.2017, 16:43
Статијата е прочитана 3340 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense