| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.07.2017

Седлоски: Верувам во европски успех

Стратегот на Вардар пред првиот меч против Малме во Лигата на Шампионите

Ждрепката сакаше Вардар прво да игра на гостински терен, а потоа на домашен да се решава прашањето околу патникот во следната фаза.
„Најпрво сакам да кажам дека нѐ чека една тешка задача. Ни се падна екипа која е многу квалитетна и ќе треба да се даде максимумот на двата меча. Тоа што прво играме на гостински терен е добро, но и не мора ништо да значи и да нѐ залажува. Сите што се тука, во Лигата на шампионите, се квалитетни со оглед дека се шампиони на своите држави. Овој натпревар в среда е само, така да кажам, прво полувреме. Има и реванш, на кој ние сме домаќини и затоа е важно да направиме добар резултат на овој прв меч“, изјави Седлоски.

Играме проти најдобриот скандинавски тим

Малме!? Тим кој секогаш се бори за титулата и на кој не му успеа само еднаш во последните пет години во шведскиот шампионат. Малме, според тренерот на Вардар, е најдобрата екипа од Скандинавија.
„Од година на година, така да кажам, растат како тим. Секоја година се во групната фаза од Лигата на шампионите или од Лигата на Европа. Тие, според мене, се најдобриот тим од Скандинавија, со многу квалитетни играчи во своите редови. Сепак, дека можеме да се справиме со секого покажаа минатите две години. И АПОЕЛ и Динамо имаа искуство од играњето во групната фаза од ЛШ, па ние одлично се справивме со нив и малку недостигаше да минеме понатаму“, додаде Седлоски.


Можеме многу да добиеме

Натпреварите од Лигата на шампионите не му се наклонети на Вардар. Оној успех против ЦСКА Москва беше и остана најголемиот успех. Оттогаш, па наваму „црвено-црните“ се без триумф, а токму таа гостинска победа во Москва беше единствената на гости во Лигата на шампионите.
Вардар може да добие многу од овој двомеч, барем тоа е мислењето на Гоце Седлоски.
„Секако дека ќе дадеме сѐ од себе да поминеме и ако го сториме тоа, можеме многу да добиеме. Притисокот е врз Малме, од кого се бара да помине понатаму. Но, тоа не значи дека ние ќе се предадеме. Одиме да се надигруваме, да се обидеме да направиме добар резултат и да се пласираме во следната фаза“, рече Седлоски.

*Повеќе читајте во печатеното издание на Македонски спорт

 

 

 



Датум: 10.07.2017, 15:21
Статијата е прочитана 2755 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense