| контакт | маркетинг
КОШАРКА

03.02.2018

МЗТ го допре дното

Македонскиот првак и дефинитивно нема ни теоретски шанси за бегство од последното место

МЗТ Скопје Аеродром продолжи да се посрамотува себеси и македонската клупска кошарка во АБА лигата, а третата четвртина на вечерашниот меч со Петрол Олимпија е „слика и прилика“ на сезоната на МЗТ во јадранското друштво. Откако „металците“ го добија првото полувреме со 39-37 и се понадеваа на триумф, по излегувањето од соблекувалната им се случи дебакл. Тие десет минути кои гостите ги добија со 28-5, покажаа зошто МЗТ не заслужува сезонава ништо друго, освен последно место во лигата. Тимот од Љубљана славеше со 96:55, и ова е најтежок пораз на МЗТ во историјата на неговите настапи во АБА.
Навивачката група „Фемили“, си замина од сала на 8 минути до крајот, откако претходно со навреди ги „поздрави“ играчите на МЗТ.



Датум: 03.02.2018, 18:51
Статијата е прочитана 493 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense