| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.01.2016

ФФМ предложи за формирање на Одбор на прволигаши

Во „Куќата на фудбалот“ денеска се одржа работен состанок меѓу претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски, претседателите на клубовите од Првата лига и претставници на службите во ФФМ

Главна тема на состанокот беше иницијативата на ФФМ за формирање Одбор на прволигаши, кое првично би ја имало улогата на советодавно тело на Управниот одбор на ФФМ поврзано со функционирањето на Првата лига, предлозите за евентуална промена на правилникот и пропозициите како и подигнувањето на квалитетот на арбитражата и делегирањето на официјалните лица.

„Секогаш ми е драго да бидам во ваше друштво, друштво кое несебично дава за фудбалот, работи во корист на спортот и тоа на начин кој денеска има голема вредност - да давате, а не да земате од спортот. Вие сте еден од столбовите на македонскиот фудбал и мораме заеднички да работиме на подобрување на сите сегменти од функционирањето на Првата лига. Со евентуалното формирање на Одбор на прволигаши заеднички би ги носеле одлуките во однос на натпреварувањето, т.е. Вие како посебно тело би давале предлози и забелешки пред Управниот одбор на федерацијата. На тој начин, клубовите би го имале најголемото влијание во однос на организацијата на натпреварите, делегирањето на официјалните лица, во однос на термините за натпревари, суспензиите итн. На овој начин или со овој предлог, ФФМ не сака да наметне ново тело кое би функционирало само на хартија, туку напротив, би добиле сериозно фудбалско тело кое би одлучувало заедно со нас за натпреварувањето од Првата лига“ изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Сите претседатели на клубовите од Првата лига кои присуствуваат на состанокот (Вардар, Шкендија, Работнички, Шкупи, Брегалница, Ренова, Силекс, Македонија Ѓ.П., Победа и Пелистер) позитивно се изјаснија по предлогот на ФФМ, нагласувајќи дека е многу позитивно што предлогот доаѓа од страна на ФФМ и ова е можност сите клубови да ја искористат поддршака на Федерацијата.

На состанокот присутвуваа и генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски, претседателот на натпреварувачката комисија Васко Дојчиновски, претседателот на судиската организација Емил Божиновски кои се вклучија во конструктивната дискусија со претставниците на клубовите.

Начелни договорено е да се формира работна група со претставници од клубовите и од службите во федерацијата која би го разгледала конкретниот предлог за формирање Одбор на прволигаши, би дале свој предлози и  забелешки пред официјално да започне да функционира како посебно советодавно тело на У.О. на ФФМ.



Датум: 27.01.2017, 15:42
Статијата е прочитана 1951 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense