| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.02.2017

ФК Пелистер: општината го принуди клубот да игра во другите градови

Битолскиот клуб е гневен на општина Битола што и покрај сите напори во изминатите два месеци да се направат соблекувални „Под Тумбе Кафе“ не дале плод

ФК Пелистер со соопштение го искажа својот гнев до општина Битола што не успеала да направи соблекувални на „Тумбе Кафе“, па битолските зелени ќе мораат да ја играат цела полусезона на гостински терен.

„Ја информираме целокупната македонска јавност, љубителите на фудбалот, навивачите „Чкембари“  дека престојниот натпревар од 20. коло против Брегалница ќе го играме во Охрид. Истовремено информираме дека и покрај сите напори на раководството и Спонзорите на ФК Пелистер во изминатите два месеци во врска со навременото реновирање на соблекувалните во рамки на Градскиот стадион „Под Тумбе Кафе“ не вродија со плод. Сопственикот на стадионот Општина Битола не најде за сходно да одговори на клупските повици и барања за елементарно оспособување на соблекувалние согласно пропишаните критеруми и со тоа да му се овозможи на ФК Пелистер домашните натпревари да ги игра во Битола. Од тука можеме да констатираме дека поради ваквиот однос на Општината, клубот е принуден да игра во други градови, а сето тоа е на директна штета на клубот на патот кон фудбалска Европа“, се вели во дел од соопштението на ФК Пелистер.



Датум: 21.02.2017, 09:33
Статијата е прочитана 3491 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense