| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.10.2017

Македонија со „нов“ состав по победа


Селекторот Ангеловски ќе менува и во тимот и во формацијата. Во одбраната ќе има двајца нови. Се враќа Ристевски, во одбраната ќе биде и Зајков, а ќе го нема Велковски. Ристовски се враќа на десната бековска позиција

Македонскиот национален тим со неколку измени во составот вечерва ќе ја брка првата домашна победа во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија. Македонија одамна нема шанси за пласман во Русија, меѓутоа има шанси со овие три бода да дојде до 11 поени, што ќе и донесе искачување за некое место на ФИФА-рејтингот.
Се чини дека Игор Ангеловски ќе менува и во формацијата, и нема да биде иста како онаа претходната кога нашата селекција извлече реми во Торино. Измените се принудни пред се поради повредата на Велковски и суспензијата на Спировски.

Ристевски се враќа, Зајков почнува

Се чини, најмногу промени ќе претрпи одбраната на Македонија, во која ќе го нема Дарко Велковски поради повреда. Тука се враќа Кире Ристевски, меѓутоа се чини дека ќе се прават и рокади, со тоа што Стефан Ристовски ќе се врати на својата позиција на десната страна, а неговото место како стопер ќе го заземе Ѓоко Зајков.
Почнува со четворка, Ристевски – Зајков – Муслиу - Ристовски ќе се браниме против Лихтенштајн, и одбраната не би требало да има толку проблем да ги сопре аматерите.


Хасани и Барди во средниот ред, Алиоски на десно

Стефан Спировски го доби вториот жолт картон на дуелот со Италија и тој нема да му биде на располагање на селекторот Ангеловски за оваа средба. Токму тука е најголемата дилема на предводникот на националниот тим на Македонија - кому да му ја укаже довербата на средината од теренот. И тука репрезентацијата ќе претрпи неколку измени. Алиоски оди на десната крилна позиција, додека лево ќе стартува Трајковски. Барди и Хасани ќе бидат во „срцето“ на теренот.

Нападот непроменет

Со ист напад, со Несторовски и со Пандев во него, ќе го нападнеме голот на Лихтенштајн. Тука ќе ја има помошта и од Трајковски, кој, можеби, ќе добие шанса во првиот состав. Токму ова трио беше заслужно за погодокот во Торино против Италија, со која одигравме нерешено на нејзин терен. Калчо-нападот сега ќе треба да ги донесе и трите бода од дуелот со Лихтенштајн и триумфално да ги завршиме овие квалификации.



Датум: 09.10.2017, 13:14
Статијата е прочитана 4978 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense