| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.07.2017

Седлоски: Одиме да играме со срце и да победиме

* „Откако го минавме Малме, сега со респект гледаат на нас, не само Копенхаген туку сите тимови. Одиме повторно да одиграме со срце и да победиме“, најави тренерот на шампионот на пресот    по повод утрешниот дуел со Копенхаген


Гоце Седлоски кој е творецот на овој успех на Вардар и на пласманот на екипата во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, на пресот по повод утрешниот дуел со Копенхаген, ги искажа своите очекувања.
„Ова е само прво полувреме од двата натпревара со Копенхаген. Нѐ очекуваат два интересни натпревара. Станува збор за добра екипа, искусна, која има настапи во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа и речиси секоја година игра во Европа. Откако го поминавме Малме, сега нашиот противник гледа со респект на нас. Очекувам играчите да ги исполнат задачите, уште еднаш да одиграат со срце. Знам дека сите се подготвени да го дадат максимумот и да направат добар резултат на овој прв натпревар пред реваншот на гостински терен. Играме пред наша публика, очекувам поддршка на овој натпревар.
Би било одлично кога би го зачувале нашиот гол, затоа што знаеме дека гол на гости значи како два. Сепак, ние на секој натпревар одиме на победа, така ќе биде и против Копенхаген“, изјави Седлоски.

Сите се подготвени да го дадат максиумот

„Без разлика кој и да настапи, сигурен сум дека е подготвен да даде сѐ од себе на овие мечеви. Како оние што ќе настапат во првиот состав така и оние од клупата за резерви, кои чекаат шанса. Сите подеднакво конкурираат за настап, а за составот ќе одлучиме пред натпреварот“, рече тренерот на Вардар.
Тој истакна дека добро е анализиран противникот:
„Ги анализиравме и ги гледавме. Играат офанзивно, поагресивни се од Малме. Подготвени сме за нивната игра и ги увидовме сите добри и лоши страни. Сега на нас е да се обидеме да ги искористиме нивните лоши страни, а да ги неутрализираме нивните добри страни“, изјави Седлоски.


 



Датум: 24.07.2017, 20:05
Статијата е прочитана 330 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense