| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.08.2017

Милан - Шкендија: Сите на Сан Сиро

Официјалната веб страница на „росонерите“ ги повикува своите фанови и гледачите да дојдат на мечот со Шкендија на 17 август

Интересна најава на официјалната веб страница на Милан. Имено се повикуваат сите фанови на „росонерите“ да дојдат на „Сан Сиро“ на мечот со Шкендија на 17 август. Дознаваме дека еден билет за овој меч чини 49 евра.
Винченцо Монтела, стратегот на Милан, ги објави сите играчи на кои смета за мечевите со Шкендија. Милан ги пријави тие 30 играчи на „А“ и „Б“ листа во УЕФА. Монтела против тетовските „црвено - црни“ на 17 и 24 август, ќе смета на Абате, Антонели, Биља, Бонавентура, Бонучи, Борини, Конти, Чаланоглу, А. Донарума, Гомес, Кеси, Маури, Монтоливо, Мусакио, Нианг, Палета, Родригез, Ромањоли, Андре Силва, Соса, Сторари, Сусо, Запата. Додека на „Б“ листата се и Калабриа, Кутроне, Џ. Донарума, Габиа, Гуарноне, Локатели, Занелато. Од овој список се гледа дека недостига само Бака.





Датум: 08.08.2017, 17:18
Статијата е прочитана 2993 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense