| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.10.2017

Ренова ги преслуша „Академците“

„Гипсарите“ ги спуштија на земја „Академците“ од Струмица

Со убедлив настап во текот на целиот натпревар екипата на Ренова ја совлада Академија Пандев со 3:1. Тетовци ја завршија работата на овој натпревар уште во првото полувреме коешто го добија со 3:0. Резултатот го отвори Арѓент Гафури во 27 минута кога го искористи киксот на гостинската одбрана, а мечот беше решен во периодот од 36 до 39 минута, кога фудбалерите на Ренова постигнаа уште два гола. Стрелци беа Ненад Мишковски по корнерот изведен од левата страна, како и Бразилецот Лукас Меирелеш, по продорот и асистенцијата на Валмир Нафиу.

Струмичани, пак, имаа неколк шанси во првото полувреме што не ги искористија, а почесниот гол го постигнаа во самиот финиш на мечот кога веќе падна концентрацијата на домашната одбрана. Во 86 минута по еден шут топката незгодно тапна, ги прескокна домашните дефанзивци и дојде до Ѓорѓи Марков, кој сам пред голманот Матија Кобетиќ само ја префрли топката крај него во небранетиот дел од мрежата.



Датум: 28.10.2017, 15:38
Статијата е прочитана 1039 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense