| контакт | маркетинг
КОШАРКА

03.01.2018

„Динамичниот“ Тодоровиќ си замина од Гостивар

Крилниот центар прејде во белградски Динамик, клуб од втората АБА лига

Српскиот интернационалец, Александар Тодоровиќ, е нов член на Динамик од Белград. Тој го раскина договорот со Гостивар, каде беше еден од најдобрите поединци. Просекот на Тодоровиќ беше 16,9 поени и 7,1 скока по меч, па неговото заминување нема да биде едноставно да се надомести. Динамик направи големи промени на составот, тренерот Мута Николиќ се ослободи од ветерани како Ратко Варда и Александар Чапин, и уште двајца, а на нивните места ќе донесе други играчи. 
„Тодоровиќ доби одлична понуда. Заслужува напредок во кариерата и не сакавме да му застанеме на патот. Му благодариме за добрите игри и придонесот за клубот. Гостивар нема да остане без крилен центар, веќе преговараме со неколку врвни високи играчи, и со некои македонски репрезентативци“ - изјави новиот тим менаџер, Бајрамали Саити.



Датум: 03.01.2018, 14:36
Статијата е прочитана 466 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense