| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.04.2017

Висла му фрли „око“ на Гачевски

Нов интерес за големанот на Вардар од странство.

Како наближува финишот на сезоната, така расте интересот за одредени фудбалери коишто го одбележаа ова првенство во „елитата“ на Македонија. Еден од нив е Вардаровиот голман Филип Гачевски, кој има заслуга за овие плус 11 кои „црвено-црните“ ги имаат како предност пред својот ривал Шкендија.
Чуварот на мрежата на Вардарци има најмалку примени голови. Имаше свои серии на „чиста“ мрежа, а тоа беше доволна препорака неколку скаути, менаџери и директори да го следат како што тоа беше случај и во есенскиот дел. Дознавме дека скаути на Висла Краков биле на „Арената“ во неделата кога Вардар го пречека тимот на Пелистер и го победи со 3:1, а Гачевски прими гол од пенал.
Висла уште пред неколку месеци се интересира за Гачевски, и сега имаа можност во живо да се уверат во неговите квалитети. Немаше којзнае колку работа, но она што можеше да го одбрани, успеа да го спаси, но не и пеналот. Тој прими гол по 434 минути.  

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 12.04.2017, 10:34
Статијата е прочитана 3255 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense