| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.12.2017

Македонија ја почнува 2018 година на три места погоре

Македонскиот национален тим во јануари треба да биде на 73 позиција

Репрезентацијата на Македонија ја заврши годинава како 76-та светска селекција. Тоа е најдобар пласман после неколку години, и најголем скок во една календарска година во историјата. Но, идната 2018 година нашата селекција ќе ја почне од три места погоре, односно на 73 позиција на рејтингот на ФИФА.

И покрај тоа што не се играат натпревари во овој период, сепак, постојат одредени поместувања во ранкингот, па Македонија ќе напредува за три места. На другите позиции не се очекуваат поголеми промени, особено во првите 10 позиции кои ги држат најдобрите светски репрезентации.

Поголеми промени се очекуваат во април, со оглед дека во март има ФИФА термин за одигрување на пријателски натпревар.



Датум: 25.12.2017, 11:02
Статијата е прочитана 950 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense