| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2018

Силва и официјално „гипсар“, Рамадани во Албанија

„Силва потпиша на една година со Ренова, тој утринава го одработи првиот тренинг. Емран Рамадани не е повеќе наш играч, тој си замина“ ни изјави Влатко Костов

Фернандо Силва дос Сантос од денеска и официјално е нов фудбалер на Ренова. Она што „гипсарите“ го најавуваа, утринава се оствари, „кариоката“ кој минатата година беше дел од Пелистер денеска стави потпис за Ренова.
„Силва потпиша на една година договор со Ренова. Утринава го одработи и првиот тренинг со нас. Со него добиваме квалитет, јас сум задоволен од овој трансфер. Од друга страна пак си замина Емран Рамадани. Покрај Цветаноски, Стојанов и Силва ќе ни требаат уште две до три засилувања за да бидеме тим кој може да ги оствари амбициите на клубот“ ни изјави Влатко Костов, стратегот на Ренова.
Кога сме кај Рамадани да кажеме дека тој е пред трансфер во Албанија.




Датум: 19.01.2018, 14:51
Статијата е прочитана 1865 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense