| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.01.2017

Брегалница го победи Работнички со 2:1

Со потешка повреда се здоби „романтичарот“ Наумчевски кој беше префрлен во болница

Брегалница на свој терен во Штип со 2:1 успеа да го победи Работнички во пријателски натпревар. Гостите од Скопје поведоа со голот на Марио Станковски во 12. минута, израмни Темелков во 27. минута. Во многу тврд и динамичен натпревар домашните преку младиот Боро Пандев со гол во 88. минута успеаја да слават со 2:1.
Во финишот на мечот се повреди „романтичарот“ Филип Наумчевски кој веднаш беше пренесен во блиската болница.

Милан Илиќ на проба кај „сините“
Во редовите на Брегалница имаше неколку нови играчи а некои и на проба. Еден од нив и Милан Илиќ, висок стопер кој има богата интернационална кариера. Играл во Португалија, Украина а доаѓа од Раднички Крагуевац.

 

 


 



Датум: 20.01.2017, 15:54
Статијата е прочитана 3828 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense