| контакт | маркетинг

18.03.2017

Молдавија „помината“, остануваат Фарските Острови

Младата ракометна репрезентација ја совлада Молдавија со 44:25 во меч за квалификациите за Европското првенство, за сега против Фарските Острови да го одлучуваат пласманот

Нашата селекција, очекувано, беше доминантна против аутсајдерот и беше подобра во секој сегмент од играта, што впрочем говори и самиот резултат.
Со оваа убедива победа, Македонија сега се искачи на второто место, но, за да се задржиме на оваа позиција која ќе не одведе на ЕП, потребно ќе ни биде да не загубиме на утрешниот меч против Фарски Острови. Како и претходно, одлучувачкиот меч ќе се одигра со почеток од 19:30 часот.
Најефикасен поединец од нашите редови, но и на мечот беше Глигоријадис со девет голови.



Датум: 18.03.2017, 21:03
Статијата е прочитана 557 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense