| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.03.2017

Дербито на Арената, Вардар и Шкендија пред нови победи (ЖИВО)



Најинтересно се очекува да се биде на дерби мечот Работнички – Силекс

Денеска се играат натпреварите 23. коло во домашната Прва лига. Средбите почнуваат од 14 часот а најинтересно и најнеизвесно се очекува да биде на дербито меѓу Работнички и Силекс, меч кој се игра на „Телеком Арената“ во Скопје. Во главниот град се игра уште еден меч на кој Вардар е апсолутен фаворит на гостувањето кај Македонија ЃП. Брегалница во Штип ја дочекува Шкендија со надеж дека нема да и се случи голеада од силните тетовци. Во градот под Шара се очекува голема битка меѓу Ренова и Пелистер и во Прилеп на стадиончето на Могила домашната Победа очекува три бода против Шкупи.
„Македонски спорт“ и овојпат ќе врши текстуален пренос во живо.

ДВОЈКИ ЗА 23. КОЛО, 14 ЧАСОТ
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2:0
Силјановски 59’, Сахити 66’
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0:5
Попов 15’, Хамбарџумјан 24’, Барсегјан 53’, Блажевски 59’, Спировски 88’
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 1:3
Здравков 85’ (п) - Ибраими 58’, Абдурахими 78’, Алими 90’
ТЕТОВО: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2:1
Гафури 27’, Велинов 89’ - Фернандо 55’
ПРИЛЕП: ПОБЕДА - ШКУПИ 1:1
Зендели 63’ (аг) - Лазаревски 31’

'РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1:0
66’ ГОООЛ! РАБОТНИЧКИ-СИЛЕКС 2:0.
Силјановски од десно центрира, Елиф Елмас шутира но голманот брани. На одбиената топка налетува, Суад Сахити и ја сместува во празната мрежа на кратовци.

59’ - ГОООЛ! РАБОТНИЧКИ-СИЛЕКС 1:0. Силјаноски од десно од 30 метри центрираше, топката го лобуваше голманот за водство на домаќините111

40’ - По нафрлена топка од корнер, Дурански се најде во шанса и упати удар, а од гол-линијата топката ја извади  Глигор Глигоров.

38’ - Ивановски со глава од пет-шест метри промашува. Четврта шанса во низа која Работнички не успева да го ја реализира

18’ - Нова шанса за Работнички. Силјаноски од десно центрира, Елмас повторно во шанса, од пет метри шутира, но голманот повторно е посилен.

13’ -  Огромна шанса за Работнички.  Елиф Елмас на 15-тина метри излезе сам, но шутираше слабо и голманот Бујанац одбрани.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0:5
88’ - ГООООЛ! МАКЕДОНИЈА ЃП-ВАРДАР 0:5
Петковски испрати долга топка до Спировски кој што од дваесетина метри со прекрасен лоб удар успеа да го совлада Целески за уште еден гол во мрежата на Македонија

79’ - Голманот Гачевски одбрани пенал! Аломеровиќ шутира силно во десниот агол, Гачевски избива во корнер

77’ -
Обид на Стојкоски од дваесетина метри, но Гачевски сигурно брани

59’ - ГОООЛ! МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР 0:3 Џигаури испрати убава асистенција до Блажевски кој што избегна офсајд замка, излезе сам пред голот и го совлада Целески за убедливо водство

53’ - ГООЛ! МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР 0:3  Од десната страна Џигаури додаде до Барсегјан кој што од дваесетина метри упати силен и прецизен удар во долниот лев агол од голот на противникот

24’ - ГОООЛ! МАКЕДОНИЈА ЃП-ВАРДАР 0:2 Фелипе нафрли од од корнер на првиот дирек каде што Хамбарџумјан само малку ја допре топката, и таа заврши во противничкиот гол

15’ - ГОООЛ! МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР 0:1. Вардар доаѓа до предност во Ѓорче. Фелипе изведе корнер од десната страна нафрли остро, на првиот дирек Јакимовски со глава не расчисти убаво, па топката стигна до Попов кој што со глава од 5-6 метри погоди во горниот лев агол



БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 1:3
90’ - ГОООЛ! БРЕГАЛНИЦА-ШКЕНДИЈА 1:3.
Грешка на Брегалница, Алими поведува контра, двојно проигруваа со Абдурахими. Алими победува контра алими двојно со абдурахими и алими погодува за 1 3


85’ - ГОООЛ! БРЕГАЛНИЦА-ШКЕНДИЈА 1:2
. Илиев со глава во шестнаесетникот на Шкендија, Челиковиќ игра со рака - пенал за домаќините. Челиковиќ добива црвен картон. Здравков сигурен реализатор од белата точка.

78’ - ГОООЛ! БРЕГАЛНИЦА-ШКЕНДИЈА 0:2. Акција на Ибраими, кој додава до Тодоровски. Од пет метри Тодоровски додава до Абдурахими за зголемување на водството на Шкендија.

58’ - ГОООЛ! БРЕГАЛНИЦА-ШКЕНДИЈА 0:1. Ибраими соло пробив влез во шеснаесетник шутира и погодува за водство

28’ - Само минута подоцна на нафрлување од десно истиот играч шутира со глава но е блокиран .

27'-  Абдурахими во контра напад одлична шанса но од раб на шеснаесет шутира покрај голот

8’ - Поради повреда по само осум минути игра во таборот на Шкендија на местото на Бејтулаи влезе Абдурахими. Бејтулаи со брза помош ќе биде пренесен во болница.

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2:1
89’ - ГООООЛ! РЕНОВА-ПЕЛИСТЕР 2:1
Ренова доаѓа во водство од 2:1. Гафури биеше од 20 метри, топката од Раденко Бојовиќ се одби до Стојанче Велинов, кој со остар удар го совлада Петровски

55’ - ГОООЛ! Пелистер израмнува против Ренова. Центаршут од десно на Маркоски, голманот Хаџо не успеа да расчисти по што Бразилецот Лукас Фернандо со глава ја испрати топката во мрежата на Ренова

27’ - ГОООЛ! РЕНОВА-ПЕЛИСТЕР 1:0. Арѓент Гафури ја доведува Ренова во водство со шут од пеналтикот по асистенција на Џелил Абдула од левата страна

12’ -
Слободен удар за Ренова од 17 метри по средината, Арѓент Гафури бие само во добро поставениот голман на Пелистер, Илче Петровски.

ПОБЕДА - ШКУПИ 1:1
70’ -
Краток прекин на мечот, откако навивачите на Победа влегоа на теренот со старото македонско знаме со 16 краци.

63’ - ГОООЛ! ПОБЕДА-ШКУПИ 1:1. Победа израмнува против Шкупи со авто-голот на Зендели во 63. минута

31’ -ГОООЛ!
 Лазаревски носи предност за гостите од 1:0.

10’ - Могила грми за Победа! Дуелот Победа-Шкупи предизвика голем интерес во Могила, каде што прилепчани се вратија откако голем број наптревари одиграа надвор од Прилеп.

 



Датум: 18.03.2017, 13:19
Статијата е прочитана 1657 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense