| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.06.2017

Лима се приклучи на тренинзите на Вардар

Бразилецот кој го најавивме во текот на денешниот ден, е на тренинзи со шампионот

Фото: ФК Вардар

Матеус Лима Круз попладнево се приклучи на тренинзите на Вардар. 24-годишниот бразилскиот фудбалер  кој го најавивме во текот на денешниот ден, го имаше првиот тренинг со екипата. Тој игра како напаѓач, а после неколкудневна проба, ќе биде одлучено дали ќе биде задржан во таборот на „црвено-црните“.
Во меѓувреме Вардар го одработи првиот тренинг на подготовките во Австрија. Во секој момент треба да се дознаат и противниците на Вардар и точните датуми за пријателски натпревари, а ќе бидат играни контроли со Адмира, Матерзбург и можеби најверојатно со ЦСКА Москва и Волфсбергер.




Датум: 18.06.2017, 19:33
Статијата е прочитана 2180 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense