| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.06.2017

Ангеловски и Пандев не стравуваат од Шпанија

На последниот прес пред утрешниот дуел со „Фуријата“, селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев, го дадоа својот коментар во однос на очекувањата

Македонија утре на Арената во Скопје со почеток во 20:45 часот, ќе ја пречека Шпанија во рамките на 6. Коло од квалификациската група Г за СП во Русија 2018 година.На последниот прес пред натреварот селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев посочија...
„Играме против една од најсилните репрезентации во светот, но јас не стравувам. На вакви мечеви не ни треба мотивација, се надевам на добро издание на моите играчи“ потенцираше Ангеловски, додека Пандев рече...„Не очекува натпревар со силна репрезентација која е фаворит во нашата група. Сигурно дека ќе биде тешко, но се подготвуваме за овој меч и се надевамна добар меч. Нема што да загубиме и ќе го дадеме максимумот. Шпанија игра отворен фудбал и ако остават простор ние тоа треба да го искористиме. Треба да ја играме нашата игра и преку контри да се обидеме да ги изненадиме  Шпанците.

Лопетеги (не)стравува од Несторовски
Се постави прашањето дали Лопетеги стравува од Несторовски...„Тоа е негова работа што е загрижен. Сите кои се дел од тимот па и Несторовски очекувам да го дадат својот максимум за да се дојде до добар резултат“ истакна селекторот, а Пандев на истото прашање одговори...„Нестор е во добра форма и е еден од нашите најдобри фудбалери. Се надевам дека утре ќе даде гол и дека ќе успееме да извадиме добар резултат“.

Силва е најдобриот во Шпанија, теренот е ист за сите

На прашање кој е најдобриот во Шпанија и коментар за тоа што гостите сметаат дека теренот е лош, капитенот од одговори..„За мене најдобар во Шпанија е Силва, а за теренот што да кажам, тој е ист за сите“. За истото Ангеловски посочи...„Ние играме во Скопје а не во Мадрид. Така да условите се еднакви за двете репрезентации“.



Датум: 10.06.2017, 17:41
Статијата е прочитана 1777 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense