| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.06.2017

Ордиозола и Попзлатанов фудбалски „браќа“

Двајцата дефанзивци пред само сезона две, играле во трета, четврта лига за да и Ордиозола и Попзлатанов сега се дел од европскиот фудбалски крем во нивната возраст.

Алвраро Ордиозола и Јован Попзлатанов. На прв поглед играчи кои ама по ништо не можат да бидат споредени и да имаат допирни точки. Сепак, овие двајца се како фудбалски „браќа“. Делат иста фудбалска судбина што се вели. Нивниот животен пат не ги милувал шо се вели, и на претстојното европско првенство во Полска и обајцата се пристигнати по потешкиот пат. Но фудбалот знае да раскаже убави приказни, а и онаа на Ордиозола, но и онаа на нашиот Попзлатанов и тоа како е вредна за споменување односно одбележување.

ОД „ПОДЗОЈУЗ’ ДО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО


Јован Попзлатанов е момче кое носи со себе интерезна фудбалска сторија. Играчот на Пелистер, сезонава одигра одлично и заслужено е помеѓу 23. наши репрезентативци на европскот првенство во Полска. Скопското дете од населбата Бутел го нема изодено стандардниот фубдбалски пат. Како младинец нема играно во некои од скопските екипи, туку во еден локален клуб во својата населба и тоа до генерација кадети. Потоа од 14. до 16. годиншна возраст воопшто не се бави активно со фудбал, за со 17. години му пристапи на четвртолигашот Ново Лисиче. Следува „трансфер“ во третолигашот Маџари, за од тој момент неговата фудбалска кариера да добие нов колосек. Потписот за Тетекс кој е во тој момент прволигаш, за по престојот кај „штофарите„ и прикажаните одлични игри, да следува и преселбата во Пелистер.
„Да, кога вака од страна ќе се погледне, навистина мојот фудбалски пат досега е интересен за јавноста. Особено што ете во моментов сум дел од европскот првенство, дел од македонската младинска репрезентација, а пред само две и пол, три сезони бев дел до четвртата лига на Македонија, играв што се вели рекреатвен фудбал. Но тоа нека биде поука и пример за сите дека никогаш не треба да се откажете од сопствениот сон и да верувате во сопствените квалитети. Ете сега ќе имам можност да им се спротивставам на најголемите европски фудбалски звезди во оваа категорија. Напорната работа и секако во еден момент среќата може многу да направи„ - вели Јован Попзлатанов.

ТЕЖОК Е ПАТОТ ОД ТРЕТА ЛИГА ДО „ЕЛИТА“
Од друга страна пак, и шпанскиот табор може да се пофали со ваква „пепелашка“ фудбалска приказна. Дефанзивецот Алваро Одриозола, членот на Реал Сосиедад долго време чекал вистинска шанса во Б екипата на баскиоскиот гигант за да конечно сезонава истата и ја добие.
„Сето ова за мене е нешто ново. До пред неколку месеци бев дел од третата лига, дел од вториот тим на Реал Сосиедад, за ете сега да сум дел од националниот тим кој ќе игра на европското првенство. Секако дека посакувам најголем успех, трофеј. Одиме чекор по чекор. Прво мора да се соочиме со Македонија, на дебито на ЕП. Србија и Португалија се квалитетни, а Македонија има свој специфичен стил на игра и може да ни создаде големи проблеми. Сепак, ние се подготуваме и ќе бидеме спремни за мечот„ - вели шпанскиот репрезентативец.



Датум: 16.06.2017, 14:11
Статијата е прочитана 7055 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense