| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.03.2017

Футсал: Пораз од Хрватска

Загубивме на вториот тест со „коцкастите“


Македонската Футсал репрезентација загуби со 3:0 во вториот пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска. За разлика од првата средба, кога имавме водство до дваесетина секунди пред крајот, пред Хрватите да изедначат, овојпат, „коцкестите“ во целост покажаа зошто се наоѓаат на 11. место на ФИФА ранкингот.
Нашите репрезентативци ја испуштија шансата да се задржат во игра откако по водството на Хрватска покажаа деконцентрираност во реализацијата и не искористија неколку убави шанси. Таквата неефикасност хрватските репрезентативци ја казнија во последните пет минути од натпреварот кога постигнаа уште два гола, за конечниот резултат.
Овие два пријателски натпревари беа последна контрола за нашата селекција пред квалификацискиот турнир за Европското првенство во Словенија во 2018 година. Турнирот ќе се одржи од осми до 11 април во Казахстан со учество на Македонија, Казахстан, Данска и Чешката Република. Победниците од седумте квалификациски групи добиваат место на завршниот турнир, додека седумте второпласирани и најдобриот третопласиран ќе играат бараж.



Датум: 26.03.2017, 21:33
Статијата е прочитана 330 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense