| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.03.2017


Жута со реми од Пољуд, Цапар реди победи со Ловќен

Ријека одира 1:1 на Пољуд, во тимот на лидерот на Хрватска од нашите играше само Леонард Жута, Стефан Ристовски поради картони го прескокна големото дерби на Јадранот

Ријека и натаму има солидна предност, сега од четири бода во однос на Динамо Загреб во шампионатот на Хрватска. Вечерва лидерот на табелата одигра 1:1 на гости кај Хајдук во дербито на Јадранот или големото дерби на Хрватска. За Ријека од нашите настапи само Леонард Жута, левиот бек на нашата ререзентација ги одигра сите 90. Минути, додека Стефан Ристовски поради картони мораше да го прескокне овој важен натпревар за неговата екипа.
Во тензична атмосфера, впрочем како што и се очекуваше, Хајдук поведе со 1:0 со голот на Бери во 31. Минута. Ријека пак успеа да израмни на 1:1 во 81. минута преку Безјак од пенал.
Драган Канатларовски продолжува со победи како тренер на Ловќен во првенството на Црна Гора. Денеска Цапар со неговиот тим успеа да го победи Бокељ со 2:0 и со тоа да ги направи пореални шансите за опстанок.



Датум: 11.03.2017, 19:17
Статијата е прочитана 1494 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense