| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.03.2017

(ЖИВО) Дербито во Охрид, Шкендија го чека Шкупи

Од 14 часот стартуваат натпреварите од 21. коло. Дербито се игра во Охрид каде Победа го дочекува шампионот

Денеска со почеток во 14 часот ќе се одиграат преостанатите четири средби од 21. коло во нашата елитна лига. „Македонски спорт“ и овојпат преку текстуален пренос во живо ќе ви ги пренесе настаните од мечевите во Охрид каде играат Победа и Вардар, од Тетово каде Шкендија дочекува Шкупи, од Скопје каде „лавовите“ играат со Пелистер и од Штип каде се игра дербито на истокот во кое силите ќе ги одмерат Брегалница и Силекс.
Вчера Работнички и Ренова одиграа без голови.

ДВОЈКИ ЗА 21. КОЛО
ВЧЕРА,
РАБОТНИЧКИ - РЕНОВА 0:0

ОХРИД: ПОБЕДА - ВАРДАР 2:1
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА - ШКУПИ 0:0
СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП - ПЕЛИСТЕР 1:2
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА - СИЛЕКС 2:3


ПОБЕДА - ВАРДАР 2:1
Цветаноски 75’, 83’ - Грнчаров 30’

83’ ГОООЛ 2:1. Победа прави пресврт и води со 2:1. Гешоски нафрли од десната страна, Хамбарџумјан исфрли само до Шаркоски кој што го проигра осамениот Цветаноски кој што успеа да погоди во мрежата

75’ ГОООЛ 1:1. Мешаница пред голот на Вардар. Карчески ја погодува стативата, а одбиената топка Цветаноски од пет метри ја сместува во голот

70’ - Брдаровски од десната страна упати остар центаршут, голманот Талески ја одби топката а таа се одби од телото на Блажевски и заврши во стативата

56’ - Убава шанса за Николов кој што се најде сам пред голот и чекор пред противничкиот играч, но Крстески во последен момент го изблокира неговиот обид во корнер. Од корнерот се направи шанса за Грнчаров кој што со глава шутираше под пречката каде што Талески изби во нов корнер

45’ - Блажевски нафрлува од левата страна, Новак се обидува со удар со глава, но топката излегува над голот

30’ - ГОООЛ 0:1. Блажевски центрира од корнер, Грнчаров со глава од околу седум метри носи водство за Вардар.

23’ - Вардар ја имаше наубавата шанса во досегашниот тек од натпреварот. Блажевски се обиде откосо од лево прецизно, но Талески со крајни напори успеа да одбрани

4’ - После мешаницата од изведениот корнер, Грнчаров се обиде, но ударот беше млак и успеа голманот Талески да го одбрани


ШКЕНДИЈА - ШКУПИ 0:0

51’ - Цуцули шутира со глава од пет-шест метри, Зендели со прекрасна одбрана го сочувува голот на Шкупи

35’ - Слободен удар за Шкендија од десната страна. Ибраими и Хасани комбинираат, Ибраими шутира и ја погодува пречката. Најсериозна шанса за тетовци.

29’ - Жуниор центрира пред голот на гостите, Хасани шутира со глава, за малку над голот.


МАКЕДОНИЈА ЃП - ПЕЛИСТЕР 1:2
Јунузи 6’ - Лукас 14’, Фернандо Силва 48’

48’ ГОООЛ 1:2. Долга топка за нововлезениот Фернандо Силва, кој влегува во шестнаесетникот и носи водство за Пелистер

43’- Бразилецот Лукас нафрлува од левата страна, Баже Илијоски со глава се обидува од пет метри, меѓутоа голманот Кандикјан брани, одбиената топка доаѓа до Попзлатанов, но Кандикјан повторно е на висината на задачата.

14’- ГОООЛ 1:1. Попзлатанов од десно се пробива, уфрлува топка по петерецот, каде што дефанзивците на Македонија ја одбиваат, меѓутоа топката доаѓа до Лукас кој израмнува за битолчани.

6’ - ГОООЛ 1:0. Слободен удар за Македонија ЃП од 16 метри, шутира удира во живиот ѕид и стигнува до Ваљмир Јунузи, кој погодува за 1:0

БРЕГАЛНИЦА - СИЛЕКС 3:3
Георгиев 37’, Наумов 56’, Стојанов 90+2’ - Недељковиќ 18’, Калановски 71’, Тимов 85’

90+2’ ГОООЛ 3:3. Брегалница израмнува преку Дарко Стојанов во судиското продолжение

85’ - ГОООЛ 2:3. Силекс го комплетира пресвртот. Филип Тимов постигнува гол за водство на кратовци

71’ - ГОООЛ 2:2.  Калановски од пенал израмнува за тимот на Силекс.

56’ - ГОООЛ 2:1. Мешаница пред голот на гостите, одбиената топка Ристе Наумов ја сместува во голот на кратовци.

37’ - ГОООЛ 1:1. Ѓорески од лево нафрлува, а младиот Бобан Георгиев постигнува одличен гол

18’ - ГООЛ  0:1. Нафрлување на десната страна до Недељковиќ, кој од десетина метри постигнува убав гол за водство на Силекс.
 

 



Датум: 05.03.2017, 13:43
Статијата е прочитана 1274 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense