| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.03.2017

„Пандев“ нема намера да запре

Денеска и утре од 14 часот се играат натпреварите 16. коло од второлигашкото друштво

Струмичкиот состав викендов на домашен терен го пречекува Металург. Екипа која има сериозни проблеми и која секој бод пролетва ќе го смета за успех. Сепак, Академија Пандев е во моментов неприкосновен владетел на втората лига и тешко дека ќе дозволи било какво изненадување.
„За нас нема дилеми дека секој нов меч, за нас треба да значи и нови три бода. Иако имаме голема предност на табелата тоа не значи дека треба да се опуштиме, напротив. Иако сум поранешен член на Металург, тоа не значи ништо за мене. Одиме да освоиме три бода и уште еднаш да покажеме дека Академија Пандев нема намера да сопре сезонава“ - вели стоперот Диме Димов. Во Струмица се комплетни и сите се во комбинација за настап.

ТЕТЕКС БАРА ВТОРА ПОЗИТИВА ПРОЛЕТВА
Во Тетово пак исто така посакуваат позитивен крај на оваа кампања иако Тетекс ќе треба сериозно да се намачи за да дојде до тоа. По првичните 0:0 против Скопје, сега тетовчани одат во Неготино кај Вардар.
„Се подготвуваме цела седница за овој натпревар. заедно со стручниот штаб го анализиравме противникот и мислам дека можеме со поволен резултат да се вратиме од ова теско гостување. амбициите на Тетекс оваа сезона се да избори опстанок, а за да ја оствариме таа цел потребно е на секој натпревар да одиме на победа. така ке биде и на ова натпревар против Вардар Неготино“ - вели Филип Јовановски. Тетекс на ова гостување патува преполовен затоа што се повредени, Ирфан Абази, Даниел Јовановски, Игор Савевски и Тони Брњарчевски.

16. КОЛО (11.03.2017 - САБОТА) 14 Ч
А. ПАНДЕВ - МЕТАЛУРГ
ТИКВЕШ - ВЛАЗЕРИМИ
ВАРДАР - ТЕТЕКС
СКОПЈЕ – НОВАЦИ
ЕУРОМИЛК - ХОРИЗОНТ Т. (НЕДЕЛА 14:00)



Датум: 11.03.2017, 10:43
Статијата е прочитана 1287 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense