| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.11.2017

Вардар ја освои Струмица

Со головите на Максимов и Стојков, шампионот на „Младост“ со 2:0 ги совлада „пандевци“. Пресврти во Кратово и во Битола

Вардар не попушта во битката за титулата. Шампионот со 2:0 извојува голема и значајна победа на гостувањето кај Академија Пандев во Струмица. Стрелци на головите беа Максимов и Стојков. Пелистер имаше водство од 2:0 со головите на Маркоски и Лукас, но Шкупи стигна до 2:2. Ревија на прекрасни голови под „Тумбе Кафе“. Маркоски стрелаше од 30 метри под пречката на гостите од Чаир а Мухарем во 86, минута пак беше стрелец на супер гол за конечни 2:2.


Победа славеше на Автокоманда и тоа со голот на Гешоски од пенал уште во 9. минута. Работнички во Кратово имаше водство со голот на Остоја Стјепановиќ по првото полувреме, но Силекс со головите на Ѓорѓевиќ и Стојчевски извојува екстремно значајна победа и освои големи три бода во битката за висок пласман. Токму против директниот конкурент.
Вчера во дербито на Тетово, во првиот меч од 17. коло, екипата на Шкендија со 6:1 ја победи Ренова.

РЕЗУЛТАТИ - 17. КОЛО
А. ПАНДЕВ - ВАРДАР 0:2
СИЛЕКС - РАБОТНИЧКИ 2:1
ПЕЛИСТЕР - ШКУПИ 2:2
СКОПЈЕ - ПОБЕДА 0:1
РЕНОВА - ШКЕНДИЈА 1:6

ТАБЕЛА
1. Шкендија 43 бодови, 2. Вардар (-2) 32, 3. Силекс 28, 4. А. Пандев (-1) 25, 5. Работнички (-1) 20, 6. Шкупи 20, 7. Победа 18, 8. Ренова 17, 9. Пелистер 16, 10. Скопје 10 бодови



Датум: 26.11.2017, 15:06
Статијата е прочитана 477 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense