| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.03.2017

Летните евро мечеви на тренинг центарот „Петар Милошевски“!?

Одамна е познато дека по 11 јуни и квалификацискиот меч со Шпанија, „Телеком арената“ по налог на УЕФА се затвора поради спектаклот на 8 август кога во Скопје ќе се одигра Супер купот на Стариот континент. А тоа значи дека за евро дуелите во квалификациите за ЛШ и ЛЕ ќе мора да се игра на друг стадион. Нашите информации велат дека можно е поголемиот дел од тие мечеви да се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“


До Супер купот на УЕФА остануваат уште точно пет месеци, период во кој треба да се завршат сите работи околу реконструкцијата или поточно кажано дотерувањето на „Телеком арената“, за  на тој мега натпревар на 8 август Скопје и Македонија да се прикажат во извонредно светло. И сето тоа е убаво, прекрасно, тоа е настан кој оваа Македонија го чека долги, долги години. Но, тој настан, сакале или не да признаеме, донесе и мали проблеми.  А тие се што со нашите клубови кои на лето ќе играат во евро куповите, поточно во квалификациите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Како што се сега местата на табелата тие клубови се Вардар, Шкендија, Пелистер и Работнички. И ако е познато во каква ситуација е теренот на Арената, но уште поважно ако се знае за директивата на УЕФА за затворање на Арената со цел да се зачува истиот, тогаш клубовите, но и нашата Фудбалска федерација по секоја цена бараат алтернативни решенија. Факт е дека мечевите од воведните квалификациски кола, во детали за тоа нешто подолу во текстот, се во јули и на почетокот на август, и затоа треба да се види уште отсега каде тие мечеви би се играле, се разбира кога нашите клубови ќе бидат домаќини.
Пред извесно време се шпекулираше дека е можно некои клубови тие мечеви да ги играат надвор од Македонија, што навистина не е опција, и затоа во последно време се говори, барем така велат нашите информации, а на тоа и се работи забрзано, дека адекватен терен или стадион за тие натпревари е тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“. Звучи сензационално, но, сепак, така е. И реално тоа е најдобра опција, не гледаме друга во моментов.


Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 10.03.2017, 11:19
Статијата е прочитана 2915 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense