| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.09.2017

Поповски: Му благодариме на Треневски

„Ја прифативме оставката на Треневски, во наредните два дена ќе назначиме нов тренер. Имам само пофални зборови за Виктор Треневски“ вели Драган Поповски, првиот човек на Работнички

Виктор Треневски не е повеќе тренер на Работнички. Тој пред неколку часови поднесе оставка а по тој повод јавно се огласи и претседателот на клубот Драган Поповски.
„По разговорите со Треневски, ние ја прифативме неговата оставка. Таква е ситуацијата со оглед на резултатите. И морам да кажам дека жалам за се ова што се случи со него, навистина јас искрено му благодарам за се она што направи Треневски во изминатиот период. Имам само пофални зборови за него и му посакувам се најубаво во неговата кариера. Во наредните два дена ќе назначиме нов тренер“ посочи Поповски.

 



Датум: 25.09.2017, 16:54
Статијата е прочитана 873 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense