| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.03.2017

И Абдурахими во листата на стрелците

Таа 78. минута и мечот со Брегалница, на Бесарт Абдурахими ќе му остане во долго сеќавање. По асистенцијата на Тодоровски, репрезентативниот напаѓач за првпат се израдува на гол за Шкендија

Секако дека по мечот со Брегалница, на кој тетовските „црвено-црни“ победија со 3:1, и тоа како му олесни на Бесарт Абдурахими, најголемото засилување на Шкендија во последниот зимски преоден рок. Се играше 78. минута кога по одличната асистенција на Тодоровски, Абдурахими успеа да го постигне својот прв гол во новата средина. Секако дека и време беше. Бесарт е премногу квалитетен играч за да чека уште на својот прв погодок во дресот на својот нов тим. И Шкендија долго го чекаше овој погодок на еден од своите најдобри фудбалери. И затоа задоволството кај сите во таборот на вицепрвакот по Штип е големо, и не само поради победата од 3:1 туку и од фактот дека крилниот напаѓач одигра добро и го постигна својот деби гол.

* Поопширно во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 22.03.2017, 12:19
Статијата е прочитана 1872 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense