| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.09.2017

Дурански и Грнчаров казнети со по два меча

Дисцплинската Комисија на ФФМ со одлука фудбалерите на Работнички и Вардар да се „ладат“ на по два натпревари

Филип Дурански (Работнички) и Бобан Грнчаров (Вардар) се казнети со по два меча неиграње за своите тимови. Тие заработија црвени картони во неделата, на претходните мечеви со Шкендија и со Скопје, одработија по еден меч во вчерашното коло, па така не ќе можат да играат и в недела, кога им истекуваат казните. Тоа значи дека „романтичарите“ против Академија Пандев ќе мораат без Дурански а вардарци пак на гостувањето во Битола ќе играат без капитенот Грнчаров.

 



Датум: 21.09.2017, 19:39
Статијата е прочитана 846 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense