| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.05.2017

Вардарово реми за крај, катастрофа на „романтичарите“

Во последното коло шампионот одигра без голови со Силекс, Брегалница дури со 6:2 славеше над Работнички, „младата“ Шкендија му се одмазди на Пелистер

Во последното коло од сезоната 2016/2017 Вардар со реми ја официјализираше новата, десетта јубилејна титула во самостојна Македонија. Вардарци против Силекс во Ѓорче одиграа без голови. Вистинска катастрофа доживеа тимот на Работнички кој во Штип од второлигашот Брегалница загуби со 2:6. Да напоменеме дека „романтичарите“ поведоа но следуваше потоп. Шкендија со 3:1 го победи Пелистер и му се одмазди за поразот во финалето од Купот. Освен Абдурахими и Јуфо сите останати во тимот на тетовци беа младинци. На овој меч во 65. минута Илијоски доби заслужено црвен картон поради тоа што имаше физички контакт со помошниот судија. Голема победа на Ренова среде Прилеп со 3:0, значи тренерот Османи со триумф се прости од „гипсарите“. И во последниот меч на Чаир, Шкупи и Македонија ЃП одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ - 36. КОЛО
ВАРДАР - СИЛЕКС 0:0
БРЕГАЛНИЦА - РАБОТНИЧКИ 6:2
ШКУПИ - МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1
ШКЕНДИЈА - ПЕЛИСТЕР 3:1
ПОБЕДА - РЕНОВА 0:3

КОНЕЧНА ТАБЕЛА
1. Вардар 83 бодови, 2. Шкендија 70, 3. Работнички 54, 4. Пелистер 52, 5. Ренова 52, 6. Силекс 47, 7. Победа 41, 8. Шкупи 37, 9. Брегалница 24, 10. Македонија ЃП 23 бодови



Датум: 31.05.2017, 18:34
Статијата е прочитана 2175 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense