| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.12.2017

Шкендија е најдобриот есенски првак на Балканот

Најмногу голови, најдобра во процент на успешност во победи, само во процент на освоени бодови Шкендија е втора, во се останато четата на стратегот Ќатип Османи е најуспешна и подобра од сите есенски прваци на Балканот. Шкендија е пред Динамо, Лудогорец, Ц. Звезда, Марибор, Клуж и сите останати екипи во 11 земји од овој дел на Европа

Шкендија е најодбриот есенски првак на Балканот. Секако дека ова рангирање е поради се она што лидерот на табелата во нашата Прва лига го оствари во првата полусезона од шампионат во Македонија. Со тие 15 победи на 18 меча, со едно реми, со два порази и гол разлика 55:18 и на крај со освоени 46 бодоби, сите во Шкендија, почнувајќи од играчите, стручниот штаб, раководството и пред се најверните фанови, можат да бидат апсолутно задоволни.

Рангирани се екипи од 11 земји

„Македонски спорт“ ги зема в предвид резултатите од сите 11 клубови кои на крајот во своите земји завршија како есенски прваци. Значи сите земји од екс СФРЈ плус оние кои според географската поставеност важат за земји кои му припаѓаат на Балкаканот. А тоа се есенските прваци на Словенија (Марибор), Хрватска (Динамо Загреб), Босна и Херцеговина (Железничар), Црна Гора (Сутјеска), Србија (Ц. Звезда), Македонија (Шкендија), Романија (Клуж), Бугарија (Лудогорец), Грција (Олимпијакос), Албанија (Скендербег) и Косово (Љапи). Сите овие земји и клубови учествуваа во ова рангирање, во оваа наша анализа.


СИТЕ ЕСЕНСКИ ПРВАЦИ
СЛОВЕНИЈА: МАРИБОР 18 13 4 1 32:11 43
ХРВАТСКА: ДИНАМО 20 15 5 0 45:13 50
БИХ: ЖЕЛЕЗНИЧАР 18 13 2 3 29:12 41
ЦРНА ГОРА: СУТЈЕСКА 19 15 3 1 32:7 48
СРБИЈА: Ц. ЗВЕЗДА 22 18 3 1 55:8 57
МАКЕДОНИЈА: ШКЕНДИЈА 18 15 1 2 55:18 46
РОМАНИЈА: КЛУЖ 22 15 4 3 35:12 49
БУГАРИЈА: ЛУДОГОРЕЦ 20 15 3 2 45:10 48
ГРЦИЈА: ОЛИМПИЈАКОС 15 10 2 3 32:16 32
АЛБАНИЈА: СКЕНДЕРБЕГ 16 11 4 1 31:11 37
КОСОВО: ЉАПИ 18 10 4 4 29:16 34
 

ТАБЕЛА ПО ПОБЕДИ
1. ШКЕНДИЈА (Мак) 83.13
2. Ц. ЗВЕЗДА (Срб) 81.81
3. СУТЈЕСКА (Ц.Гор) 78.90
4. ДИНАМО (Хрв) 75.00
5. ЛУДОГОРЕЦ (Буг) 75.00
6. МАРИБОР (Сло) 72.20
7. ЖЕЛЕЗНИЧАР (БиХ) 72.20
8. СКЕНДЕРБЕГ (Алб) 68.75
9. КЛУЖ (Ром) 68.18
10. ОЛИМПИЈАКОС (Грц) 66.00
11. ЉАПИ (Кос) 55.55

ТАБЕЛА ПО ГОЛОВИ
1. ШКЕНДИЈА (Мак) 3.05
2. Ц. ЗВЕЗДА (Срб) 2.50
3. ДИНАМО (Хрв) 2.25
4. ЛУДОГОРЕЦ (Буг) 2.25
5. ОЛИМПИЈАКОС (Грц) 2.13
6. СКЕНДЕРБЕГ (Алб) 1.93
7. МАРИБОР (Сло) 1.77
8. СУТЈЕСКА (Ц.Гор) 1.68
9. ЉАПИ (Кос) 1.61
10. ЖЕЛЕЗНИЧАР (БиХ) 1.61
11. КЛУЖ (Ром) 1.59


ТАБЕЛА ПО БОДОВИ
1. Ц. ЗВЕЗДА (Срб) 2.59
2. ШКЕНДИЈА (Мак) 2.55
3. СУТЈЕСКА (Ц.Гор) 2.52
4.ДИНАМО (Хрв) 2.50
5. ЛУДОГОРЕЦ (Буг) 2.40
6. МАРИБОР (Сло) 2.38
7. ЛАПИ (Кос) 2.31
8. ЖЕЛЕЗНИЧАР (БиХ) 2.27
9. КЛУЖ (Ром) 2.27
10. СКЕНДЕРБЕГ (Алб) 2.13
11. ОЛИМПИЈАКОС (Грц) 1.88

 

 

 

 

 


 



Датум: 27.12.2017, 15:26
Статијата е прочитана 1231 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense