| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.04.2017

„Самба“ Вардар

Бразилецот ја одбележа првата третина од пролетниот дел

Најдобрите секогаш се најдобри на најважните мечеви, на тие решавачките. Токму затоа Бразилецот Хуан Фелипе е најдобриот и не само во Вардар во изминатите шест кола туку и во нашата Прва лига. Шампионот има голема среќа што го има во своите редови и, веројатно, заедно со Буба Хасани од Шкендија, е најдобриот во изминатите две години во Македонија во домашниот шампионат. Фелипе речиси сам ја победи Шкендија во второто пролетно коло, во мечот кој, веројатно, и реши за годинашната титула. Постигна два гола и донесе три големи бода. Претходно го реши и Шкупи, а и на останатите мечеви воопшто не беше лош. На голманската позиција без дилеми најдобар беше Гачевски, додека во одбраната имаме по двајца од Работнички и Вардар, Силјановски и Шиков од кај „романтичарите“ и Грнчаров и Попов од кај шампионот. Во средниот ред тука се Вујчиќ (Шкендија), екстра талентот на Работнички Елиф Елмаз и секако Фелипе (Вардар). Во нападот има место за Ибраими и Меџедовиќ од Шкендија и Тигран Барсегјан од Вардар.



Датум: 05.04.2017, 12:37
Статијата е прочитана 895 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense