| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.12.2017

Зејноски на потпис со Башакшехир

Младиот фудбалер пред трансфер во Турција

Младиот македонски фудбалер Исеин Зејноски е на само чекор од потпис со екипата на Истанбул Башакшехир, којашто во моментов е втора во турската Суперлига. Зејноски веќе се наоѓа во Истанбул каде што треба да ги заврши последните ситни детали пред да го потпише договорот со турскиот клуб. Според информациите, македонскиот фудбалер првично ќе биде дел од младинската екипа на Башакшехир, каде што ќе треба да се докаже за да добие место во сениорската екипа.
Зејноски е фудбалер со турско потекло којшто игра во средниот ред. Роден е во Битола во јуни 1999 година, но израснат е во Кичево, каде што ја почна и фудбалската кариера во екипата на Напредок. Потоа бил дел и од тимовите на Влазрими и Младост, а последен клуб му е Академија Пандев, каде што беше до август летово. Зејноски има настапувано и за помладите репрезентатовни категории на Македонија.


Реализацијата на овој трансфер ќе биде голем чекор напред за младиот Зејноски, со оглед на тоа што екипата на Истанбул Башакшехир последниве неколку сезони е еден од најдобрите тимови во Турција. Во Суперлигата влегоа во сезоната 2014-2015, кога завршија на четвртото место, пласман што го повторија сезона подоцна, за лани да завршат втори, веднаш зад шампионот Бешикташ.




Датум: 10.12.2017, 12:30
Статијата е прочитана 6272 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense