| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2018

АНТАЛИЈА КАКО ЗИМСКА МЕКА ЗА НАШИТЕ КЛУБОВИ

Шкендија, Вардар, Работнички по 13 пат, Силекс, Академија Пандев и Шкупи, се клубовите кои веќе заминаа во Анталија, или допрва тоа ќе го сторат во следните денови. Ќе играат голем број пријателски натпревари со познати противници, најчесто со екипи од истокот

И ова зима Анталија ќе биде зимска мека за поголем дел од нашите прволигашки клубови. Велиме поголем зошто дури 60% од нив, дел од зиските подготовки ќе ги одработат во овој познат спортско туристички центар во Турција. Тоа се Шкендија, Вардар, Работнички, Силекс, Академија Пандев и Шкупи. Вардар веќе е таму а од утре, или во следните неколку денови своите експедиции ќе ги префрлат и останатите клубови кои ќе се подготвуваат во Анталија. Значи само Ренова, Победа, Пелистер и Скопје нема да патуваат оваа зима во Турција.

СУПЕР УСЛОВИ, СУПЕР ТЕРЕНИ, ПОГОДНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ...

Инаку познато е зошто нашите клубови, како илјадници други од Европа и пошироко се решаваат дел од своите зимски подготовки да ги минат токму во Анталија. А тоа се супер условите, пред се хотелските кои ги нуди овој град. Потоа супер терените, ги има по два - три во секој хотел. Да не говориме за идеалните временски услови кои во овој дел од годината ги нуди Анталија. Секако дека тука во преден план се и финансиите. Верувајте дека не чини многу еден пакет од десетддневни подготовки ако се знае каде ќе бидеш сместен, каде ќе тренираш и пред се какви услови ќе имаш во секој поглед. Нема што, идеално за она што сакаш да го одработиш во целост. Сепак има една мана, барем кога станува збор за нашите клубови. Некогаш клубовите кои се подготвуваат во Анталија на супер терени кога ќе дојдат дома го почнуваат првенството на кастрофални терени.

* Повеќе во печатеното издание на Македонски спорт 

 



Датум: 19.01.2018, 21:14
Статијата е прочитана 1031 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense