| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.07.2017

Солбакен очекува пеколна атмосфера на Арената

„Вардар има квалитетен тим, но има и свои слабости кои сега нема да ги откријам“ истакна Стале Солбакен, стратегот на Копенхаген на штотуку завршениот прес

Со умерена доза на оптимизам и респект кон нашиот шампион говореше Стале Солбакен, тренерот на Копенхаген на пресот по повод утрешниот дуел против Вардар.
„Вардар покажа дека е квалитетна екипа, има многу добри играчи, како Фелипе во средниот ред, Балотели во нападот, потоа Спировски. Имаат квалитетна одбрана, но Вардар има и свои слабости кои сега нема да ги откријам“ истакна Солбакен. Тој смета дека не е којзнае како голема предност што УЕФА го промени терминот и сега првиот меч се игра во Скопје.
„Па, можеби да е тоа мала предност но Вардар имаше еден повеќе за одмор. Очекувам да има повеќе публика отколку што имаше на минатиот меч во Струмица и секако очекувам пеколна атмосфера на трибините на утрешниот меч“ заврши стратегот на данскиот првак.



Датум: 24.07.2017, 17:59
Статијата е прочитана 1091 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense