| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.02.2017

Седумнаесет клубови застанаа зад ФФМ


Се бара нова седница на собранието на ОФС Тетово

Исполнети се условите за одржување на редовно годишно-изборно собрание на ОФС Тетово, соопштија од овој општински фудбалски сојуз. Како што информираат од сојузот, иницијативата е спроведена почитувајќи ги сите правила и статути на ФФМ и е поддржана е од повеќе од 84 % од клубови членки на сојузот, со што се исполнети сите услови тоа најавеното собрание да биде спроведено во средината на март.
„Имајќи ја предвид настанатата ситуација во ОФС Тетово и многуте нерегуларности на одржаното Собрание на 25.01.2017, нерегуларности констатирани и од Управниот Одбор на ФФМ, а меѓудругото и со јавното барање на ФК Шкендија, превземавме иницијатива за организирање на Редовно годишно и изборно Собрание на ОФС Тетово. Сакајќи целата организација да биде легитимна во согласност со правилата и статутите на ова ОФС и на ФФМ, ги превземавме сите статутарни и регулативни мерки. Она што е најбитно е дека оваа иницијатива до сега е подржана од 17 клубови, од сите 21 регистрирани активни клубови членки на ОФС Тетово. Со тие пшроцедури се исполнети условите за одржување на легитимно Собрание, на кое се надеавме да прекинат проблемите на ова ОФС и на легитимен начин да биде избран новиот претседател“ - стои во соопштението на ОФС Тетово

 



Датум: 15.02.2017, 20:35
Статијата е прочитана 1974 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense