| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.01.2017

Реми на „лавовите“, уште еден пораз за Победа

Денеска во Охрид, Македонија ЃП во пријателски меч против Борац Чачак одигра 1:1, додека прилепчани загубија од Спартак Суботица со 1:3

Македонија ЃП во својот втор контролен меч оваа зима одигра по втор пат реми. По оние 2:2 со Ренова од пред една недела, денеска во Охрид „лавовите“ против Борац Чачак одиграа 1:1. Гостите од Србија повеле во 65. минута со 1:0, за да неколку минути подоцна „лавовите“ преку Ерсин Фетахи израмнија за конечните 1:1.
Победа реди порази. Денеска, исто во Охрид, прилепчани загубија и од Спартак Суботица со 1:3. Противникот повел со 2:0, но во 47. минута Гешоски од пенал намалил на 2:1, за да потоа Спартак постигнал уште еден гол.



Датум: 31.01.2017, 14:35
Статијата е прочитана 2050 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense