| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.11.2017

Фазлагиќ ја урна Турција

*Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч одигран попладнево во Скопје

Младите фудбалски селекции на Македонија фатија континуитет. Дека тоа е така говори и победата на репрезентацијата до 18 години над Турција. Попладнево на комплексот на ФФМ нашите надежи славеа со 1:0. Стрелец на голот беше Енис Фазлагиќ кој во 64. минута ја погоди мрежата на врсниците од Турција.
Во текот на целиот натпревар нашите млади фудбалери чиј што селектор е Добринко Илиевски ја имаа контролата над играта. Покрај голот со супер шанси беа и напаѓачите Колевски и Георгиевски кои не ги искористија приликите.
Турците во вторникот славеа со 2:1. Оваа селекција до 18 години игра само пријателски средби и се подготвува за квалификациите за фудбалери ди 19 години кои ќе се играат во втората половина на 2018 година.



Датум: 23.11.2017, 15:01
Статијата е прочитана 4836 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense