| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

Дамчевски: Потпишав за Ермис

Дефанзивецот има нов клуб, и се сели на Кипар. Следната сезона ќе игра за Ермис.

Македонскиот интернационалец Александар Дамчевски следната сезона ќе настапува за кипарскиот клуб Ермис. Иако се очекуваше тој да замине на подготовки со босанското Сараево, сепак, во последен момент, Дамчевски замина за Кипар и потпиша со Ермис.
„Да, точно е дека сум на Кипар и дека ќе потпишам за Ермис. До крајот на денот ќе има и промоција“ - ни изјави предмалку Дамчевски.
Тој во изминатиот период промени доста клубови, а последно играше за унгарски Мезоковеш.



Датум: 05.09.2017, 11:15
Статијата е прочитана 663 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense