| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.07.2017

Треневски: Мора да бидеме задоволни со резултатот

По натпреварот со Динамо Минск, шефот на стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски, истакнува дека треба и мора да бидат задоволни со резултатот.

Треневски додаде дека на конечниот исход влијаело неискуството на неговата екипа и дека Белорусите се во предност, но дека на реваншот во Минск, Работнички ќе оди да одигра без страв.
„Мислам дека се разбирате во фудбал за да сфатите дека мора да бидеме задоволно од 1:1. Се виде дека имаме несигурност во дефанзивата. Имавме шанси, имаа и тие. Шишковски беше феноменален. Неискуството направи да одиграме како што одигравме. Шиков многу недостасува, тоа се гледа, но со тоа како влеговме во мечот, како се подготвувавме, мора да бидеме задоволни. Моја грешка е што при првиот гол задоцнив со замените, требаше поранода го извадам Илиев. Очекувавме дека ќе играат во таа формација, зашто имаат квалитетен напаѓач. Шансите што ги направија беа блиц, набрзина, но тоа го очекувавме од нив. Не знам како ќе одиграат таму, но мислам дека се додека имаа 1:0 беа задоволни. Мислам дека во тоа што Белорусите велат дека шансите за пласман се 50-50 не веруваат ниту ниту тие самите, ниту ние. Немаме што да загубиме, одиме таму да одиграме. Добро ги анализиравме, во форма се и по се што поминавме во овој момент ситуацијата ни е позитивна“ - изјави  Треневски



Датум: 13.07.2017, 20:33
Статијата е прочитана 2991 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense