| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.09.2017

Симоновски го води Лахти во Европа


*Македонецот блеска во Финска:„Играм во одлична форма, просто уживам овде, во Лахти“, вели Марко Симоновски


Малкумина од нашите интернационалци низ светот даваат голови за своите екипи, а уште помалку се оние што постигнуваат хет-трик, и тоа во само едно полувреме. Ете, завчера тоа го стори Марко Симоновски, напаѓачот на Лахти. Имено, на мечот кај Турку во првенството на Финска, од оние 6:1, дури три гола беа негово дело.
„Ова е ми е прв пат како интернационалец да постигнам три гола, сум постигнувал и по пет, но тогаш во дресот на Металург. Секако дека сум среќен, по натпреварот сите ми честитаа, овде во медумите ме имаше со повеќе написи. И јас сум задоволен од головите, но и од тоа што успеавме да победиме на важен меч и сега сме поблиску до историски пласман во фудбалска Европа. Играм во одлична форма, просто уживам овде, во Лахти, во Финска“ вели за „Македонски спорт“ нашиот напаѓач.

Атакувам на врвот на листата на стрелците
До крајот на шампионатот во Првата лига на Финска остануваат уште пет кола, а Симоновски има 12 гола, само два помалку од првиот на листата на стрелците.
„Па секако дека моја желба е да бидам прв стрелец во првенството на Финска, тоа ќе биде круна на супер сезоната за мене. Мислам дека имам добри шанси, само здравјето да ме послужи, јасно и онаа мала доза среќа што е потребна“, заврши Марко Симоновски.


 



Датум: 20.09.2017, 11:14
Статијата е прочитана 332 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense