| контакт | маркетинг
ТЕНИС

19.01.2018

Ноле го крена гласот: Дајде бе луѓе, па не сме животни во кафез

Новак Ѓоковиќ на свој начин ја критикуваше АТП организацијата и состојбите во светскиот професионален тенис

Српскиот тенисер беше брутален кон АТП организацијата и состојбата во светскиот професионален тенис по најновите случувања во Мелбурн. Условите под кој тој и Монфис играа во 2. коло беа неиздржливи. Но истото важи и за другите учесници на Австралија опен кои се принудени да играат на температури од 46 и повеќе степени целзиусови.
Потполно е јасно дека нашиот спорт стана индустрија, бизнис. Моите мотиви во тенисот се пред се спортски и тенисот го играм со страст и така треба да биде. Но јас и моите колеги се повеќе се чувствуваме како да сме дел од таа индустрија, затоа што постојано ни додаваат нови турнири, нови обврски и нема знак дека бројот ќе се намали. Играчите се под страшен притисок. Постојано нѐ тераат да играат турнири, да ги браниме поени, па основните интереси на нас, тенисерите стануваат секундарни“, вели Ноле.

„Примарно е да се продаваат билети, да се заработат пари, да се исполнат барањата од телевизиските договори. На некој начин нѐ сметаат како животни во кафез. Не сакам да звучам неблагодарно, затоа што поради тенисот имам ваков живот и се занимавам со спортот кој го сакам, но сметам дека имам право да кажам пред јавноста дека треба да се разговара за тоа дали тенисот треба да се игра под вакви временски услови, да се слушне нашето мислење и да се истакнат некои работи за кои сметаме дека не се коректни“, додаде Ѓоковиќ.


На крајот, ние играчите сме тие кои го правиме „шоуто“ во кое ужива публиката и без нас никој не може да заработи пари кои во ваквата поставеност на работата е примарна цел. Мора да се сменат некои работи, под кои правила ќе се одлучува дали треба да се игра тенис или не. Секако, ние зборувавме со претставниците на АТП во периодот кога се дефинираа сегашните параметри на правилникот за влијанието на временските услови на одигрување на натпреварите. Но морате да сватите дека правилата по кои се организираат мечеви во рамките на АТП турнејата се поинакви од тие кои се на Грен слем натпреварувањата. Организаторите на грен слем имаат апсолутно право и слобода да донесуваат одлуки и притоа да не се консултираат со ниту еден играч. На пример, јас преку медиумите бев информиран дека можеби оваа година во главниот ждреб на Австралија опен ќе биде воведена стоперка која го мери времето меѓу поени. За малку таа идеја ќе се применеше. А дали за тоа прашаа некој играч? Не!“, изјави Ѓоковиќ.

Многумина се прашуваа зашто на дуелот меѓу Ѓоковиќ и Монфис не беше ставен кров, но Ноле вели дека тоа не е решение на проблемите.
Тоа би било решение ако се гледа само нашиот меч, меѓутоа нема да биде фер кон останатите учесници. Тоа се прашања кои мораат да се постават, но исто така не е едноставно да се решат, иако во минатото се случувало на барање на тенисерите да се затвори кровот. Можеби треба да се размисли за тоа да се одложат мечевите. Турнирот трае две недели, па не е проблем, утре ќе го одиграме мечот, или подоцна, барем сега секаде има рефлектори, па дури истиот заврши во еден или два часот после полноќ. Може да се почека неколку часови, барем тоа се случувало во минатото“, заклучи српскиот тенисер.



Датум: 19.01.2018, 15:00
Статијата е прочитана 2061 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense