| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.04.2017

Турново со важна победа над Еуромилк

Хоризонт Турново го победи Еуромилк со 2:0 во скратеното 21 . коло во Втората лига за да остане во игра за пласман во Првата лига

Во скусената празнична програма со три натпревари, турновци славеа со головите на Марио Крстевски во второто полувреме. Новаци го искористи киксот на „млекарите“, го победи Тетекс со 1:0 и се најде на делба на второто место со 35 бода. Металург и Влазрими ремизираа без голови во коло што му беше посветено на прерано починатиот Филип Лазаревски, наш репрезентативец во селекцијата до 15 години.
Поради трагедијата мечот меѓу Академија Пандев чиј член беше Филип и Вардар Неготино ќе се игра во вторник. Натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш е закажан за истиот ден.

ТАБЕЛА: Академија Пандев 47 бода (еден меч помалку), Новаци 35, Скопје (-1) 35, Еуромилк 33, Хоризонт Т. 32, Велазерими 24, Металург 24, Вардар Неготино (-1) 19, Тиквеш (-1) 19, Тетекс 18 бода.



Датум: 15.04.2017, 18:59
Статијата е прочитана 2892 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense